Topic outline
- General
- Модул 1. Што е Design Thinking?
Модул 1. Што е Design Thinking?
Design Thinking - Дизајнерското размислување е прилагодливо и повторливо и затоа е неверојатно корисно за стартапите во сите фази од развојот, без разлика дали штотуку започнувате со некаков бизнис или веќе имате успешен производ и бизнис-модел.
Понекогаш не знаете кој ви е вистинскиот проблем. На пример, ако сте на самиот почеток, може да ви е тешко целосно да го формулирате решението за стартапот. Или, пак, ако веќе сте навлегле во бизнисот, можеби знаете дека некаде постојат точки на триење, но не можете целосно да ги утврдите.
Овој комбиниран модул за обука ја прикажува методологијата за дизајнерско размислување како совршен пристап за откривање – тогаш кога треба да утврдите нешто што не умеете да го вербализирате. Ова е методологија што чекор по чекор ви помага да го установите вашиот проблем и да изнајдете бројни креативни решенија, па оттука е совршена за брзо и повторливо утврдување на начините на решавање проблеми.
Корисна е и затоа што не е неопходно да сте дизајнер или да имате дизајнер во тимот за оваа методологија. Само треба да сте отворени кон процесот, да имате став кој е креативен и насочен кон човекот, како и желба за изнаоѓање креативни решенија за одреден проблем.
Почитувани ученици на CreatINNES,
Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето.
Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси!
Со почит,
Тимот на CreatINNES
- Модул 2. Е-трговија
Модул 2. Е-трговија
Дигиталната трансформација, навлегувањето на интернет во сите сфери на животот и широкораспространетата употреба на мобилни технологии го сменија обликот на традиционалната трговија. Новите бизнис-модели ги трансформираа односите меѓу купувачот и продавачот и го сменија однесувањето како на клиентите, така и на деловните субјекти. Интернетот и дигиталните технологии овозможија трговијата да стане глобална и отворена 24/7. Апсолутната вредност на пазарот преку е-трговија расте, а сè поголем број корпорации тргуваат онлајн, вклучително и мали и средни претпријатија и припадници на културната и креативната индустрија. Модулот „Е-трговија“ им овозможува на учесниците да развијат знаења и вештини за да го разберат главниот аспект на е-трговијата од перспектива на бизнис, технологија и прописи. Модулот ги опфаќа основните концепти и терминологијата кои се поврзани со е-трговија и се занимава со контекстите коишто треба да се разгледаат пред да се започне со примена на системот за е-трговија.
Почитувани ученици на CreatINNES,
Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето.
Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси!
Со почит,
Тимот на CreatINNES
- Модул 3. Визуелно брендирање
Модул 3. Визуелно брендирање
Во овој модул ќе го разјасниме поимот „резиме на дизајн“ и неговата фундаментална улога во смисла на создавање уникатен корпоративен идентитет. Ќе се запознаете со форматот на резимето на дизајн, неговата должина и неколку вредни совети и трикови што можеби ќе сакате да ги земете предвид за да работите непречено со Вашиот дизајнерски тим. Ќе бидете запознаени и со неколку практични совети и трикови што ќе ви овозможат брзо да скицирате ново лого за вашата компанија или за вашиот производ или да го редизајнирате постоечкото лого. Логото (трговска марка) може да биде претставено со различни скици, форми и карактеристики и притоа треба да сте запознаени со неговите посебни карактеристики кои ги истакнуваат главните вредности, мисијата и целите на компанијата.
Почитувани ученици на CreatINNES,
Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето.
Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси!
Со почит,
Тимот на CreatINNES
- Модул 4. Стратегија за раст - Growth Hacking
Модул 4. Стратегија за раст - Growth Hacking
Откако сте го одредиле опфатот на вашиот проект – во идеален случај, со методи на дизајнерско размислување и откако сте се увериле дека (I) проблемот што го решавате е проблем кој навистина ги оптоварува вашите потенцијални клиенти и (II) производот или услугата што ги предлагате навистина можат да го решат тој проблем на клиентот – што значи дека, како што се вели во светот на стартапите, имате „производ што одговара на пазарот“, подготвени сте да се фокусирате на следната задача - вашиот производ или услуга да дојдат до што поширок круг на луѓе кои би можеле да станат ваши клиенти. Во овој модул ве повикуваме целосно да се запознаете со еден пристап и начин на размислување кои ветуваат зголемување на вашите шанси за успех во стекнувањето клиенти уште во раните фази на вашиот бизнис, пред да имате пристап до средства и буџет за маркетинг какви што имаат на располагање поетаблираните компании. Пристапот и размислувањето за кои станува збор во светот на стартапите се познати како „стратегија за раст“ (growth hacking – хакирање на растот). Оваа стратегијата за раст е алтернатива, или можеби поточно варијација на маркетингот каков што го знаеме од поголемите, позрели компании. Тоа е „уметност на возможното“ за младите компании кои се финансиски оптоварени, но цврсто ориентирани кон раст, компании кои ги немаат потребните пари, препознатливост на брендот и машинерија на човечки ресурси за да вршат традиционален маркетинг, како што го прават тоа корпорациите. Во првата глава на модулот ќе ја истражиме улогата на креативноста во оваа стратегија на растот (се надеваме дека ќе ја препознаете поврзаноста со она за што говоревме во рамките на „искуствениот маркетинг“ во претходниот модул), а потоа ќе ја разгледаме врската помеѓу дигиталната технологија и growth hacking, по што ќе следува дискусија за анализата базирана на податоци како основен двигател на хакирањето на растот. Модулот ќе го заокружиме со споделување на некои корисни алатки што денес ги користат хакерите на растот.
Почитувани ученици на CreatINNES,
Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето.
Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси!
Со почит,
Тимот на CreatINNES
- Модул 5. Бура на идеи и техники за рекламирање
Модул 5. Бура на идеи и техники за рекламирање
Во модул 1 ја разгледавме бурата на идеи (brainstorming) како метод за размислување на дизајнот, навлегувајќи во некои детали и обезбедувајќи неколку стратегии што ќе ви помогнат да извршите успешни сесии за бура на идеи. Во овој модул ќе ја истражиме „бурата на идеи“ од нова гледна точка: низ призмата на рекламната индустрија. Фокусот ќе биде насочен кон изнаоѓање на вистинската стратегија за рекламирање и развој на соодветен опис на вашиот производ/бизнис што јасно го истакнува ветувањето за вашиот бренд. Ќе посочиме некои од најпопуларните видови стратегии: „пред“, „потоа“, „пред и потоа“, „совет“, „знаење“ и „емпатија“. По завршувањето на овој комплет практични глави, ќе знаете како да генерирате релевантни и моќни идеи што би можеле да се користат во вашите први рекламни кампањи и како да развиете повеќе идеи за кампањи, користејќи некои од најкорисните рекламни техники, како што се „аналогија и визуелна метафора“, „интерпретација“, „два во едно“, „производот е Бог“ и „претерување“. Понатаму, ќе ви биде препорачано да ја „зачините“ вашата рекламна кампања користејќи соодветна доза на хумор.
Почитувани ученици на CreatINNES,
Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето.
Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси!
Со почит,
Тимот на CreatINNES
- Модул 6. Решавање проблеми и критичко размислување
Модул 6. Решавање проблеми и критичко размислување
Во овој модул ќе научите како ефективно да ги решавате проблемите со градење ефективна свесност за брендот за Вашата компанија. Ќе се запознаете со прашањето на „Уникатна продажна вредност“ УПВ (Unique Selling Point - USP) и „Емоционална продажна вредност“ ЕПВ (Emotional Selling Point - ESP). За да се развие Вашето критичко креативно размислување, од суштинско значење е да се разбере дека свесноста за брендот е важна, особено при промовирање нови производи и услуги и при насочување на потрошувачите да прават разлика помеѓу конкурентските компании. Ќе добиете вредни знаења во врска со тоа како да ја придобиете Вашата целна публика кон она што го промовирате и како тоа би се совпаднало со очекувањата на Вашите клиенти. Дадени се примери за тоа како да се идентификува клучната причина, а наедно и уште неколку убедливи причини за карактеристиките на Вашиот производ / услуга и како тие можат успешно да се претворат во придобивки. Притоа, во контекст на промовирањето, ќе користиме два нашироко популарни поими: „рекламирање“ и „реклама“.
Почитувани ученици на CreatINNES,
Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето.
Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси!
Со почит,
Тимот на CreatINNES
- Модул 7. Создавање привлечни содржини на социјалните медиуми
Модул 7. Создавање привлечни содржини на социјалните медиуми
Овој модул е дизајниран да Ви помогне да развиете вредни содржини за Вашиот бизнис на социјалните медиуми и содржина за реклама. Ќе истражувате различни примери за добра пракса на алатките за дизајнирање на социјалните мрежи и како тие можат да одговараат најдобро на Вашите потреби. Студиите на случај на успешни маркетинг-кампањи преку интернет низ платформите ќе Ви помогнат да развиете свои стратегии за маркетинг на социјалните медиуми. Во овој модул, исто така, ќе го дознаете проблемот со содржината на социјалните медиуми и како може да се искористи тој за деловни цели. Ќе добиете вреден увид во однос на тоа како да воспоставите ефективна комуникација на социјалните медиуми помеѓу Вашиот бренд и Вашите клиенти. Понатаму, ќе се запознаете со основните „состојки“ на содржината на социјалните медиуми, а наедно ќе Ви дадеме пример за тоа како може да се постигне соодветна рамнотежа помеѓу тие компоненти, на начин што ефикасно го промовира Вашиот производ преку веб-страниците за социјално вмрежување.
Почитувани ученици на CreatINNES,
Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето.
Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси!
Со почит,
Тимот на CreatINNES
- Модул 8. Развој на концепти
Модул 8. Развој на концепти
Предизвикот за развивање нови производи или услуги е неверојатно зголемен во денешно време кога компаниите се соочуваат со голема конкуренција, конкурентни алтернативи, нови прописи и никнување нови пазари. Променливото однесување и очекувањата на клиентите ги тераат компаниите да создадат нова рамка за оценување на развојот на производите и услугите.
Според најновите констатации од неодамнешните проучувања, успешните компании ги истакнале како клучни следниве 3 најдобри практики:
- Фокусирање на вредноста на производот што им се нуди на клиентите, наместо само на трошоците за производот;
- Ставање на клиентот во центарот на нивното размислување при создавањето нови производи или услуги;
- Користење иновативни методи и рамки при развивањето нови производи или услуги.
Таквото фокусирање кон додадената вредност за клиентите им донело задоволни клиенти, но и можности за раст на профитабилноста.
Овие компании вовеле нови методи за генерирање и користење повратни информации и идеи од нивните клиенти, како и за откривање на предизвиците со кои се соочуваат тие. Сите овие сознанија биле од клучно значење за развивањето нови, иновативни производи или услуги.
Намерата ни е да Ви овозможиме да ги откриете методите и процесите, како и алатките што ги користат „креативните луѓе“ и успешните компании, но и да научите како истите да ги интегрирате во фазата на идејно развивање на еден проект.
Ова знаење ќе ви помогне да изберете успешни стратегии за секоја од етапите на вашиот проект. Ќе бидете поиновативни и со подобар слух за основните потреби на вашите потрошувачи, особено во фазата на развој.
- Почитувани ученици на CreatINNES, Најдобар начин да го проверите Вашето знаење е да го полагате овој квиз! Прашањата можат да бидат во различни форми: прашања со повеќекратен избор и со избор „точно“ и „неточно“, а и има и прашања само еден точен одговор и со надополнување. Имате неограничени број на обиди и немате ограничување на времето. Сепак, препорачливо е да одвоите приближно 10 минути, да се забавувате и да учите од Вашите неуспеси! Со почит, Тимот на CreatINNES