Известувања и инструкции
Овој модул за комбинирана обука е дел од Програмата за обука 1 „Претприемништво за фриленсери и стартапи од креативната и културна индустија (ККИ)“, изготвена во рамките на проектот од ЕУ, CreatINNES – Стратешко партнерство за иновации и развој на бизнис-вештини во секторот на културните и креативните индустрии, финансиран од програмата Еразмус + (Erasmus+) 2018-2021.
Нашата програма за комбинирана обука за претприемништво ги содржи следниве 8 модули:
• Модул 1: Претприемачко патување – планирање, организирање и управување;• Модул 2: Развој на бизнис план;
• Модул 3: Стратегија за маркетинг и маркетинг-микс;
• Модул 4: Вмрежување, градење екосистем и влегување на меѓународни пазари;
• Модул 5: Финансирање на растот на Вашиот бизнис;
• Модул 6: Како да создадете, да ги заштитите и да управувате со правата на интелектуална сопственост;
• Модул 7: Социјални медиуми и дигитализација;
• Модул 8: Моќни вештини за презентирање и претставување бизнис-идеја.
Сите модули се подготвени со водство и поддршка на меѓународниот тим на CreatINNES со искуство во секторот на креативната и културната индустрија и со седиште во пет европски земји: Бугарија, Франција, Германија, Унгарија и Северна Македонија.
Продлабочете го Вашето знаење така што ќе ги прочитате модулите за комбинирана обука од Програмата за обука 2 „Креативно размислување за развој на иновации“.
Повеќе информации може да најдете на веб-страницата на проектот: www.creatinnes.eu